Тетовската полиција вчера казни едно 16-годишно момче кое возело низ улица во Тетово со брзина за 124 километри на час. Казнети за пребрзо возњење се и еден возач од Албанија и еден од Охрид.
„На 16.11.2025 во 14:44 часот на крстосница од булеварот Видое Смилевски Бато со Фуштанска во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово. При контрола во сообраќајот со радар, констатирано е дека тој управувал патничко возило ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки со брзина од 124 километри на час, односно 74 километри на час повеќе од дозволеното. На 16.11.2025 во 11:55 часот на патот Тетово-Гостивар, на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М. К. (24) од Албанија. При контрола во сообраќајот со радар е констатирано дека тој управувал патничко возило ‘бе-ем-ве’ со албански национални ознаки со брзина од 161 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час.
На 16.11.2025 во 13:30 часот на патот Тетово-Гостивар, на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М. С. (34) од Охрид. При контрола во сообраќајот со радар е констатирано дека тој управувал патничко возило ‘мерцедес’ со охридски регистарски ознаки со брзина од 154 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час“, соопшти СВР Тетово.
Од таму велат дека против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – Безобѕирно управување со моторно возило.
З. АНДОНОВ



