Тапанарот Гаро Тавитијан, актерот Кирил Поп Христов-Кили и сопственикот на Радио Бубамара Ранко Петровиќ, кои се нарекуваат Шумски свирачи, денеска повторно го чистеа ѓубрето на Водно. Тие заедно со планинарите и вработени од угостителските објекти на Средно Водно собираа пластични шишиња, ќеси и други отпадоци кои се наоѓаат низ патеките и зеленилото.
„Денеска ние шумските свирачи, настапивме без инструменти на Средно Водно. Собравме една вреќа пластичен и друг отпад околу патот до бесплатниот паркинг на другата страна од Водно по планинарските тешко достапни патеки, голем број рекреативци и млади спортисти исто така чистеа. Овие акции за чистење на Водно, но и во други години со познати личности ги спроведуваме веќе четврта година. Сакаме да ги поттикнеме граѓаните да се грижат за природата, да го фрлаат отпадот во корпите, а доколку видат ѓубре низ зеленилото и шумските патеки да го соберат“, вели Ранко Петровиќ.
Ранко, Кили и Гаро денеска испратија порака и до надлежните инстиутции и инспекциите да ги исчистат дивите депонии низ градот.
А. АНТЕВСКА