КИНЕСКИОТ ЅИД ВО ЛАГАДИН РАСТЕ И ПОКРАЈ ПРЕКРШЕНИТЕ 12 ЗАКОНИ ШТО ГИ ЗАБЕЛЕЖА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КИНЕСКИОТ ЅИД ВО ЛАГАДИН РАСТЕ И ПОКРАЈ ПРЕКРШЕНИТЕ 12 ЗАКОНИ ШТО ГИ ЗАБЕЛЕЖА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ

    Со мнозинствo гласови Советот на Општина Охрид денес го одби предлогот на опозицијата за донесување на Предлог-одлука за  поништување на Општиот акт за населбата Лагадин каде што се гради хотел. И покрај барањето на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам Општина Охрид да го поништи одобрението за градба, мнозинството советници на најверојатно последната седница во овој состав, со оглушија на барањата на Државниот инспекторат.

    Општина Охрид не ја стопираше изградбата на Кинескиот ѕид во Лагадин и покрај барањето на Државниот инспекторат за  градежништво и урбанизам општината да го поништи одобрението за градба. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ја донесе одлуката по претставките на активистите  на граѓанската иницијатива „Охрид СОС“  и сопствениците на куќи и викендички за прекршувања на 12 закони, 1 подзаконски акт и Уставот на Република Македонија.

    По силните реакции во кои главно се бараше да се стопира изградбата на хотелот кај Лагадин, претседателот на охридските социјалдемократи д-р Томислав Тунтев најави дека на оваа седница ќе се побара  Општината да го повлече одобрението за градба на хотелот. Но, со мнозинство гласови советниците одбија да ја внесат во дневен ред оваа точка.

    По реакциите на советниците од опозицијата и нивниот предлог за поништување на целокупната постапка за донесување урбанистички план за Лагадин, експресна прес-конференција свикаа од Секторот за урбанизам во Општина Охрид .

    “Постапката за донесување на општиот акт за село Лагадин е водена согласно законските прописи. На барањето на Државниот инспекторат  соодветно е одговорено со аргументи и за постапката за донесување на општиот акт за Лагадин и издавање на одобрението за градба. Хотелот во Лагадин е предвидено да има приземје и три ката и да се гради на површина од 401,59 метри квадратни”, изјави на прес конференцијата Лилајна Јоновска од Секторот за урбанизам и просторно планирање.

    На самото место каде што се гради хотелот може да се види дека веќе се изградени три ката, ама поставена е и арматура за уште еден кат.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира