КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ГО ПРЕПОЛОВИЈА ЈАБОЛКОВИОТ РОД ВО ПРЕСПА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ГО ПРЕПОЛОВИЈА ЈАБОЛКОВИОТ РОД ВО ПРЕСПА

    Преполовен е годинешниот јаболков род во Преспа. Наместо 100.000 тони, годинава ќе бидат собрани најмногу 50.000 тони преспанско јаболко  како последица на мразот кој ги фати овошките кон крајот на април годинава. Со свечено откинување на првото јаболко во овоштарниците на „Агроплод“ денес и официјално започна преспанскиот јаболкобер.

    „Климатските промени си го зедоа својот данок имаме за 50 проценти помалку јаболка од лани. Од 50.000 тони колку што очекуваме да бидат собрани, околу 35.000 тони ќе бидат прва класа, а останатите втора класа и индустриско јаболко“, рече Љубе Пампулевски , управител на земјоделската задруга „Карни“ и претседател на Здружението на овоштари „Благоја Котларовски“ во Ресен.

    Тој додаде дека расте бројот на парцели кои овоштарите ги осигуруваат од временски непогоди, но истакна дека не се задоволни од проценките на осигурителните компании.

    „Од страна на осигурителните компании имаме и помали исплати. Нивните комисии кои ги формираа за проценка на терен не беа доволно реални при проценката што дополнително ги иритира овоштарите. До крајната исплата на штета од доцните мразеви или градови , проценката е помала за 30 до 40 проценти“, рече Пампулевски.

    Градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски , рече дека штетите ги проценила и комисија формирана од општината. Документацијата е испратена до Министерството за финансии од каде очекувуваат позитивен одговор дека  земјоделците ќе добијат обештетување од државата.

    Министерот за земјоделство Михаил Цветков изјави дека како држава не можат да влијаат врз откупната цена на јаболката, туку ќе придонесат за нивен поголем пласман на странските пазари. Тој спомна дека се договара пласман на македонското јаболко во Египет.

    „Имав средба со амбасадорот од Египет каде можностите за извоз на ресенското јаболко се огромни. Со египетската влада потпишавме меморендум за мегусебно разбирање во земјоделието. Очекуваме да отпочнеме бесцарински извоз на јаболка во Египет“, рече Цветков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира