КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ЈА БУДАТ ВЕГЕТАЦИЈАТА 2-3 НЕДЕЛИ ПОРАНО, ПА ПРОЛЕТНИОТ МРАЗ ГО УНИШТУВА ПЛОДОТ, КАЖАА НА НАУЧНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВО ШТИП

    КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ЈА БУДАТ ВЕГЕТАЦИЈАТА 2-3 НЕДЕЛИ ПОРАНО, ПА ПРОЛЕТНИОТ МРАЗ ГО УНИШТУВА ПЛОДОТ, КАЖАА НА НАУЧНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВО ШТИПУчесниците се согласија дека климатските промени имаат големо влијание врз земјоделското призводство (Фото: СДК.МК)

    Земјоделскиот факултет во Штип го одржа четвртото научно советување на кое стручната фела потенцираше неколку суштински прашања од дејствувањето на науката во сферата на агрозаштитата и производството на квалитетна и здрава храна. Како примарно прашање тие ги нагласија климатските промени кои генерално придонесуваат да се намали интересот за аграрот, а на земјоделските факултети да има помалку студенти.

    Досегашните анализи кажуваат дека во последните неколку години климатските промени диктираат поместување на вегетацијата, па имаме ситуација почетокот на вегетацијата да е за 2-3 недели порано и аналогно на тоа, и сите редовни работи на земјоделците се поместуваат за толку време. Но, таквото поместување предизвикува ризик, најмногу поради фактот што плодот се формира во време на традиционалниот пролетен мраз“, вели Горан Басовски од Управата за хидрометеоролошки работи, кој додава дека оваа година тоа не се случи.

    Деканот на Земјоделскиот факултет во Штип, Емилија Арсов, вели дека учесниците на научниот собир се слагаат дека климатските промени имаат големо влијание врз земјоделското призводство, па за подобра заштита неопходни се современи аеро и агроматеријали и методи на заштита, како дигитализација и примена на дронови.

    Професорот Илија Каров, стручњак за ориз, нагласи дека се неопходни поголеми вложувања во научно-истражувачката работа и во производството на квалитетен автохтон семенски материјал, значи нови хибриди кои ќе бидат прилагодливи и поотпорни на изменетите кпиматски услови.

    Во последно време, оризопроизводството кај нас е во рецесија. Од друга страна има неконтролиран узвоз на неквалитетни сорти ориз од Турција, Италија и Грција“, кажа Каров.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира