КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП НАБАВИ АПАРАТ ЗА ГАСТРОЕНДОСКОПИЈА, ЕДИНСТВЕН ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

    КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП НАБАВИ АПАРАТ ЗА ГАСТРОЕНДОСКОПИЈА, ЕДИНСТВЕН ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈААпаратот не е донација, туку болницата сама го купи за речиси 100.000 евра (Фото: СДК.МК)

    Штипската Клиничка болница во функција го стави новонабавениот апарат за гастроендоскопија, кој е единствен од ваков тип во јавното здравство во источна Македонија. Пациентите со акутна и хронична патологија на желудникот и дебелото црево од регионот ќе можат да го користат новиот современ апарат преку „Мој термин“ за комплетно дијагностицирање и лекување на дигестивниот тракт.

    Сега пациентите не мора да се праќаат во Скопје или во приватни клиники за дијагностицирање и лекување на малигни и други заболувања, со што ќе заштедуваат и време и пари. Апаратот е достапен и преку ‘Мој термин‘ и дневно се прегледуваат по седум пациенти или месечно над 200 пациенти“, вели директорот на болницата Ален Георгијев.

    Тој нагласува дека апаратот не е донација, туку е набавен со сопствени средства на Клиничката болница и чини речиси 100.000 евра. За него треба да има и обучен стручен кадар. Во штипската болница на ова одделение ќе работат тројца нови специјалисти по гастроентерохепаталогија или вкупно четворица специјалисти ќе го опслужуваат новиот апарат за гастроендоскопија.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира