КОЈ ВЕ ПОВИКА, ИМ РЕКОА  ВО ПОЛИЦИЈАТА ВО ДЕМИР ХИСАР НА ДИРЕКТОРКАТА ЛОЗАНОВСКА И АДВОКАТОТ КОГА ДОЈДОА НА ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР

    КОЈ ВЕ ПОВИКА, ИМ РЕКОА  ВО ПОЛИЦИЈАТА ВО ДЕМИР ХИСАР НА ДИРЕКТОРКАТА ЛОЗАНОВСКА И АДВОКАТОТ КОГА ДОЈДОА НА ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОРЛозановска и адвокатото Стеваноски сега се повикани утре, 13 август, пак да дојдат во полиција на разговор. (Фото: СДК.МК)

    „Кој ве повика“, им рекоа во полициската страница во Демир Хисар на директорката на Гимназијата Маја Лозановска и на нејзиниот адвокат Жаре Стевановски, кои утрово се јавија на информативен разговор.

    Стеваноски рече дека им рекле случајот да се води како самите да се пријавиле, но тие го одбиле тоа укажувајќи дека и при претресот во петокот, а и подоцна на телефон биле повикани на информативен разговор при што кажале дека во вторник ќе се јават во станицата.

    Сега се повикани утре, 13 август, пак да дојдат во полиција на разговор.

    Тие поднесоа и кривична пријава за самовластие, зашто директорката Лозановска уште не добила решение за разрешување, а новоназначената влегла во училиштето. Стеваноски вели дека по решение од Централен регистар Лозановска уште е директорка.

    На 8 август вечерта, полицијата направи претрес во домот на Лозановска барајќи го печатот од училиштето. Таа во тој период беше на боледување, а полицискиот началник рече дека и на носилки ќе ја однесе на информативен разговор иако имаше налог само за претрес, а не и за нејзино лишување од слобода. Од МВР покренаа дисциплинска постапка против началникот, а за случајот соопштија дека против директорката имало пријава и постоеле основи на сомневање за кривично дело Одземање печат и службени документи.

    Четири дена претходно, градоначалникот ја имаше разрешено Лозановска, како што рече по налог на Просветниот инспекторат поради неправилности во работењето. Но, адвокатот Стеваноски изјави дека целта била да се назначи новата в. д. директорка која ќе ги заврши трите вработувања пред распишување на локалните избори, кои преседателот на Собранието Африм Гаши ги распиша на 9 август, а ќе се одржат на 19 октомври.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира