Кола падна во езерото утрово на Кејот Македонија во Охрид. Според првичните информации на дописникот на САКАМДАКАЖАМ.МК нема повредени.
Полицијата е на местото на несреќата. На кејот има и повеќе минувачи на кои не им е јасно како колата со охридски регистарски таблички се нашла в езеро.
Според неофицијални информации, автомобилот бил управуван од охриѓанка, која се паркирала на кејот и заминала да пие кафе во локалните кафулиња. Неофицијално како што кажуваат очевидци, автомобилот почнал да се движи и завршил в езеро.
И покрај тоа што станува збор за личен пропуст на шоферот, сепак СВР ќе ги разгледа и снимките од надзорните камери на угостителските објекти.
Д. ЧУБРИЌ