Попладнево кај карпестиот дел на месноста Горица падна кола во Охридското езеро.
Засега нема официјални информации како возилото паднало во езерските води со оглед на тоа дека овој дел од брегот е речиси непристапен.
Неофицијално, возилото било празно и очевидци велат дека нема повредени. Паднатото возило беше вадено со брод.
Д. ЧУБРИЌ