КОЛЕДАРСКИТЕ ОГНОВИ ВО БИТОЛА ГИ ГАСЕШЕ ПРОТИВПОЖАРНАТА ЕДИНИЦА

    КОЛЕДАРСКИТЕ ОГНОВИ ВО БИТОЛА ГИ ГАСЕШЕ ПРОТИВПОЖАРНАТА ЕДИНИЦАПолицијата барала интервенција на пожарникарите (Фото: фејсбук)

    Битолските пожарникари синоќа по пријава од МВР изгаснале пет коледарски огнови во Битола и во соседната општина Могила, соопштија од Противпожарната единица. Сите интервенции биле пред полноќ.  Иако не се работело за големи огнови, пожарникарите морале да интервенираат по барање на полицијата.

    Властите апелираа граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено и да ги пријават на телефонскиот број 193 за да се избегне групирање поради пандемијата од ковид-19 и за да не се загадува воздухот.

    Иако не е верски обичај и Црквата не ги одобрува огновите, во Битола коледарски огнови се палат од дамнина, дури и во најсуровите зими, кога температурата паѓала и 20 степени под нулата. Коледарскиот оган за битолчани претставува и социјален настан за дружба меѓу луѓето. Некои битолчани кои живеат и работат во странство на Коледе се враќаа дома за со пријателите и соседите да се дружат крај коледарскиот оган.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира