КОЛОНИ ВОЗИЛА ОД СКОПЈЕ СЕ УПАТИЈА КОН ВЕЛЕШКИТЕ ИЗЛЕТНИЧКИ МЕСТА ПРЕД ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ЗА ЦЕЛ ВИКЕНД

    КОЛОНИ ВОЗИЛА ОД СКОПЈЕ СЕ УПАТИЈА КОН ВЕЛЕШКИТЕ ИЗЛЕТНИЧКИ МЕСТА ПРЕД ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ЗА ЦЕЛ ВИКЕНДВелешани пак фамилијарно се упатија кон селата Лисиче и викенд населбата во Горно Врановци. (Фото: СДК.МК)

    Колони возила попладнево се регистрирани во правец на Азот и Извор, Општина Чашка, велат сведоци кои патувале во спротивен правец. Најголем број автомобили биле со скопски регистарски таблички, помал дел со велешки. Тие што се упатиле во правец на село Извор, ги посетуваат викендичките кои ги имаат во селата Смиловци, Јасеново, Владиловци.

    „Околу 14.30 часот на патот кон Јасеново имаше колона, како што има за Први мај. Толку гужва имаше. Очигледно викендот ќе го минат во родниот крај“, вели вработен од Болницата Јасеново, кој попладнево се враќал од работа.

    Идентична била состојбата и кон регионот на Азот, каде гостите се упатиле кон селата Папрадиште, Богомила, Теово, Мартолци, Оморани. Сопствениците на домот во село Папрадиште имале голем интерес дали објектот работи, но откако добиле негативен одговор, се дале во потрага по куќи во ова село, кои се изнајмуваат.

    „Одамна немам видено таква гужва во еден правец на овој пат, како една населба од Скопје да се иселила. Решиле да уживаат во пролетта, која според метеоролозите овој викенд конечно ќе биде во полн сјај“, вели велешанка кој се враќала од правец на Богомила.

    Велешани пак фамилијарно се упатија кон селата Лисиче и викенд населбата во Горно Врановци.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира