КОЛОНИЈА ОД ЗАГРОЗЕН ВИД РАК ПОЛНА СО ЈАЈЦА ОТКРИЕНА НА ДНОТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

    КОЛОНИЈА ОД ЗАГРОЗЕН ВИД РАК ПОЛНА СО ЈАЈЦА ОТКРИЕНА НА ДНОТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРОКолонијата е откриена на потегот Потпеш-Канео на 600 метри од брегот. (Фото: Акватек)

    Нуркачите од охридскиот клуб „Акватек” на дното на Охридското Езеро открија колонија ракови полни со јајца, што говори дека овој некогаш загрозен вид сѐ повеќе го има во езерските води.

    „При зимско февруарско нуркање наидовме на живеалишта од ракови со многу јајца. Ракот се смета за загрозен вид во Охридското Езеро, но еве се размножува и треба да го чуваме. Колонијата ја откривме на потегот Потпеш-Канео на 600 метри од брегот и на 10 метри длабочина. Температурата на водата беше седум Целзиусови степени”, велат од „Акватек”.

    Овие ракови порано ги имало на брегот од Езерото, но сега брегот е узурпиран и ретко се среќаваат на тој дел.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира