Тетовската полиција соопшти дека вчера спровела акциска контрола за безбедност во сообраќајот, користејќи таканаречен ноќен радар.
„Вчеравечер од 20 до 22 часот, службеници на тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање возачи кои возат со брзина поголема од пропишаната. При контролата биле констатирани седум пречекорувања на максимално дозволената брзина на автопатот Скопје-Тетово. Во еден случај кај клучката Север на влезот во Тетово била измерена брзина од 207 километри на час. На возачот на патничкото возило ‘порше‘ С. Е. од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е поднесок и ќе се соочи со парична глоба од 400 евра“, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
З. АНДОНОВ