КОВИД ЦЕНТАРОТ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА СТАВЕН ВО МИРУВАЊЕ ОТИ СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА ПАЦИЕНТИ

    КОВИД ЦЕНТАРОТ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА СТАВЕН ВО МИРУВАЊЕ ОТИ СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА ПАЦИЕНТИПациентите позитивни или сомнителни на ковид-19 сега се сместуваат само на Инфективното одделение (Фото: СДК.МК)

    Откако изминатава седмица сериозно се намали бројот на пациенти позитивни или сомнителни на ковид-19, физикалното одделение во велешка болница е празно. Тоа нема да прима пациенти. Пациентите позитивни или сомнителни на ковид-19 сега се сместуваат само на Инфективното одделение, кое има 54 кревети.

    „На Одделот за физикална терапија и рехабилитација, кој е наменет како ковид центар, моментално немаме хоспитализирани пациенти и е ставен во времено мирување. Позитивните случаи се примаат во Инфективното одделение, додека сомнителните или негативните кои имаат здравствени проблеми се на Интерно одделение“, кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа болница Велес.

    Моментално во велешката болница има 39 пациенти, од кои 32 се потврдени позитивни, непотврдени двајца и пет со негативен тест, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 11 пациенти. На Инфективно се 33, а на Интерно шест пациенти.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира