КРАНИ КАКО ПОГОДЕНО ОД УРАГАН

    КРАНИ КАКО ПОГОДЕНО ОД УРАГАНОд Центарот за управување со кризи велат дека луѓето кои престојувале во приколките се згрижени кај соседите. (Фото: СДК.МК)

    Страотна вечер поминаа летувалците од автокампот Крани крај Преспанското Езеро. Вчерашното невреме откорнуваше дрвја од корен, тие паднаа камп приколки, а летувалците се жалат дека едвај спасиле жива глава. Дел од паднатите дрвја паднаа и врз возила. Летувалците со солзи во очите раскажуваат дека невремето наликувало на ураган.

    Големи штети има во земјоделието. Земјоделците велат дека водопад од дожд и град им ги уништи овоштарниците. Сите лисја и јаболка се паднати на земја.

    Вчерашното невреме откорнуваше дрвја од корен, тие паднаа камп приколки, а летувалците се жалат дека едвај спасиле жива глава. (Фото: СДК.МК)

    Од Центарот за управување со кризи велат дека луѓето кои престојувале во приколките се згрижени кај соседите. Нема повредени, а на терен се испратени припадници на МВР и пожарникари од Ресен кои работат на расчистување на патот.

    Силно невреме вчера ги погоди и кампот Љубаништа на Охридското езеро и туристичката населба Трпејца.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира