КУМАНОВО ОДВОИ 6.500 ЕВРА ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО НЕСРЕЌАТА ВО ЗБРАТИМЕНИОТ НОВИ САД

    КУМАНОВО ОДВОИ 6.500 ЕВРА ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО НЕСРЕЌАТА ВО ЗБРАТИМЕНИОТ НОВИ САДОд вкупниот износ 300.000 денари ќе бидат уплатени на сметката на Општина Нови Сад, а 100.000 денари на семејството на загинатиот Васко Саздовски од Свети Николе. (Фото: Фонет)

    Парична помош во висина од 400.000 денари (околу 6.500 евра) одвои Општина Куманово за семејствата за настраданите во несреќата во збратимениот град Нови Сад, Република Србија. Несреќата се случи на 1 ноември на Железничката станица кога падна настрешница и усмрти 15 луѓе. Меѓу загинатите е и македонскиот научник Васко Саздовски од Свети Николе.

    „Од вкупниот износ 300.000 денари ќе бидат уплатени на сметката на Општина Нови Сад, а 100.000 денари на сметката на семејството Саздовски. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Куманово за 2024 година, од ставката тековни резерви наменети за парична помош во случај на несреќа“, образложи Општина Куманово пред советниците.

    Одлуката беше донесена едногласано од сите присутни советници на денешната седница на Советот на Општина Куманово.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира