КУМАНОВСКИТЕ И СТРУМИЧКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ БАРААТ НИВНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДА НЕ ГИ НАСОЧУВА ДА ГЛАСААТ ЗА ВМРО-ДПМНЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:66:"Струмица/Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КУМАНОВСКИТЕ И СТРУМИЧКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ БАРААТ НИВНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДА НЕ ГИ НАСОЧУВА ДА ГЛАСААТ ЗА ВМРО-ДПМНЕ

    Кумановските, струмичките и пензионерите од Прилеп, Штип и Радовиш, бараат од претседателот на Сојузот на пензионери на Македонија Драги Аргировски да го поништи предизборниот меморандум за соработка што го потпиша со ВМРО-ДПМНЕ и да си поднесе оставка. Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Куманово, денеска одржа вонредна седница на која постапката на претседателот Аргировски ја оцени како непримерен чин, кој не е во согласност со со статутот на Сојузот и Здружението на пензионерите, како и Законот за здруженија и фондации на граѓани.

    Пензионерите од Струмица, Радовиш, Штип и Прилеп бараат побараа оставка од претседателот Аргировски, откако го потпиша меморандумот со лидерот на владејачката ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Според нив, Аргировски ја злоупотребил доверената функција и го прекршил статутот на Сојузот, бидејќи здруженијата на пензионери ги ставил во функција на политичка партија.

    Груевски минатата недела потпишаа меморандум за соработка и со претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, заради унапредувањето на социјалниот дијалог и реализизација на проекти што ќе подобрат правата и стандардот на работниците и на пензионерите. Поради ова во понеделникот Синдикатот на УПОЗ побара итна и неотповиклива оставка од Митревски и најави дека во спротивно, ќе бара негово отповикување. Од УПОЗ велат рекоа дека без одлука на претседателството или на советот на ССМ, Митревски, злоупотребувајќи ја својата позиција потпиша меморандум со ВМРО-ДПМНЕ, што е во спротивност со статутот и програмата на ССМ.

    Претседателот на Здружението на пензионери – Куманово Спирко Николовски, денеска изјави:

    „Нашата соработка треба да биде со Владата и владините министерства, кои треба да даваат бенифит и подршка на проектите на Сојуз на пензионери на Македонија, а не на одредена политичка партија. Ова посебно го осудуваме бидејќи е потпишано во предизборен период, со што се насочуваат нашите пензионери за кого да гласаат“. Тој додава дека во кумановското здружение членуваат пензионери  од најразлични партии и секој има право и слободно да одлучува за кого ќе гласа, а доколку не се раскине меморандумот, дополнително ќе одлучат што ќе преземат.

    Пензионерите од Струмица, Прилеп, Радовиш, Штип велат дека се повредени и револтирани бидејќи Аргировски се стави на страната на политичка партија што е спротивно на интересите на пензионерите.

    „Како Сојуз може да потпишуваме меморандуми со Влада или министерства, но и не за политички субјект и тоа во предизборен период. Со тоа е прекршено уставното право на секој пензионер за самоопределување“, вели Данче Даскаловска, претседателка на Здружението од Струмица каде членуваат 10.250 пензионери.

    Таа истакна дека Извршниот одбор на Сојузот веќе дискутирал на ова тема и на следното Собрание ќе биде покрената постапка за разрешување на Аргировски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира