ИМА КОТЕЛ ЗА ГРЕЕЊЕ, СЕ ЧЕКААТ КЛИМА КОМОРИ ЗА ДА СЕ ЗАГРЕЕ СПОРТСКАТА САЛА ВО БИТОЛА

    ИМА КОТЕЛ ЗА ГРЕЕЊЕ, СЕ ЧЕКААТ КЛИМА КОМОРИ ЗА ДА СЕ ЗАГРЕЕ СПОРТСКАТА САЛА ВО БИТОЛАОд РК Пелистер најавија дека преку Агенцијата за млади и спорт и Општина Битола ќе се обезбедат средства за да се направат соблекувални по европски стандарди. - Спортската сала „Младост“ во Битола (Фото: СДК.МК)

    Котелот на биомаса кој беше набавен за загревање на спортската сала „Младост“ во Битола, а со кого на големо се фалеше претходната локална власт, една цела година не е комплетно ставен во функција. Иако котелот беше во салата уште декември минатата година и за него се потрошија 135 000 евра од ИПА фондовите, потребно е да се набават нови клима комори и пропратна опрема за да се згрее и големата спортска сала.

    „Котелот е поврзан на системот и истиот е пуштен во работа. Но, потребни се нови клима уреди и пропратна опрема. Моментално има тендер за пелети така штом се набават пелети ќе се пушти радијаторското греење во помошните простории додека за главната сала потребни се нови клима комори, а за тоа имаме одобрен нов ИПА проект за нивна набавка“, велат надлежните.

    Од новиот Управен одбор на ракометниот клуб „Пелистер“ кој беше избран деновиве, изјавија дека преку Агенцијата за млади и спорт и Општина Битола ќе се обезбедат средства за да се направат соблекувални по европски стандарди.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира