Единствена охридска плажа која нема концесионер и нема шанкови и гласна музика е Лабино. Сместена е во подножјето на охридскиот рид и до неа најлесно може да се дојде со кајче, иако има и патеки, но поради големите стрмнини посетителите ги одбегнуваат.
Сепак, ова капалиште на охриѓани од стариот дел на градот каде што некогаш во септември жителите од блиските куќи ја переа покуќнината, несовесни посетители ја уништуваат со фрлање отпад.
По многу години охридските комуналци решија да ја исчистат плажата Лабино за што мораа да бидат ангажирани неколку кајчиња. Пристап од копно нема за механизацијата.
Лабино е единственото капалиште на охридскиот брег на кое гостите и охриѓани можат да се капат без да бидат принудени да плаќаат користење на лежалки или да нарачуваат пијалоци. Капачи има и во септември,
Д. ЧУБРИЌ