„ЛАЈКА“ ПОЧНА ДА ЗАЛОВУВА КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НА СКОПСКИТЕ УЛИЦИ ИМА ОКОЛУ 2.000

    „ЛАЈКА“ ПОЧНА ДА ЗАЛОВУВА КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НА СКОПСКИТЕ УЛИЦИ ИМА ОКОЛУ 2.000По задолжителниот преглед, вакцинација, стерилизација и чипирање, тие се враќаат во своите апартмани каде ја чекаат својата можност за вдомување.(Фото: ЈП „Лајка“)

    Тимови од ЈП „Лајка“ почнаа со заловување на кучиња скитници од скопските улици. Откако три тимови беа обучени и добија сертификати од Факултет за ветеринарна медицина по пауза од година и половина повторно започна заловувањето на бездомните кучиња и нивно сместување во реновираниот стационар. Досега во прифатилиштето на „Лајка“ се згрижени 23 бездомни кучиња. Дел од нив се заловени од тимови по пријава на граѓани дека се агресивни, а дел од кучињата се донесени од граѓани.

    „Резултатите од нивните тестови од лишманија од Факултетот за ветеринарна медицина се негативни и сите се во добра здравствена состојба. Половина од нив веќе го поминаа третманот односно се стрелизирани/кастрирани, вакцинирани од заразни болести и беснило, имаат аплицирано ушна маркица и микрочип кои што се евидентирани со кооринатите од каде што се заловени. Новите ушн маркици имаат посебен број и код според општината. По задолжителниот преглед, вакцинација, стерилизација и чипирање, тие се враќаат во своите апартмани каде ја чекаат својата можност за вдомување. Доколку не бидат вдомени ќе се вратат на локацијата од која биле заловени“, велат од ЈП „Лајка“.

    Според анализите кои ги правеа ЈП „Лајка“ и Агенцијата за храна и ветеринарство на скопските улици има 1.970 кучиња. Од претпријатието велат дека на граѓаните им  изгледа дека во градот има повеќе кучиња бидејќи се собираат во чопори.

    Од почетокот на годинава до сега според податоците на Министерството за внатрешни работи, 562 граѓани пријавиле дека се каснати од куче.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира