Судскиот совет на Основниот суд во Битола во куќен притвор ја преиначи мерката притвор што завчера му беше изречена на пејачот Ламбе Алабаковски, кој чека обвинителен предлог за подметнувањето на пожарот во кој изгоре влезната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Ова следуваше по жалба поднесена од неговиот адвокат.
Пејачот кој во саботата го потпали бугарскиот клуб во Битола, попладнево го напушти притворското одделение во битолскиот затвор и е спроведен во неговиот дом каде ќе го издржува куќниот притвор.
Алабаковски е обвинет за предизвикување општа опасност, откако во саботата пред доаѓањето на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на средба со Бујар Османи го потпали влезот на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Откако беше упасен, тој го призна делото, па му беше одредена мерка притвор од осум дена, што сега е преиначена во куќен притвор.
Вчера во Битола се одржаа протести за слобода на пејачот.
Ж. ЗДРАВКОВСКА