ЛАНИ РЕКОА ДЕКА ПРОЕКТОТ Е ГОТОВ, НО ОДРОНОТ КАЈ БИТОЛА УШТЕ НЕ Е ОТСТРАНЕТ

    ЛАНИ РЕКОА ДЕКА ПРОЕКТОТ Е ГОТОВ, НО ОДРОНОТ КАЈ БИТОЛА УШТЕ НЕ Е ОТСТРАНЕТ

    Втор ден во прекин е сообраќајот на патниот правец Прилеп-Битола- Ресен кај обиколницата над Битола поради повторно активирање на свлечиштето на околниот рид. Од ридот на коловозот паѓаат камења и земја, а од „Македонија пат“ велат дека расчитувањето ќе започне од понеделник откако ќе се смири временската состојба.

    На терен досега не е спроведен поголем зафат за комплетно отстранување на свлечиштето иако надлежните уште во септември минатата година најавија дека е изработен проект од Градежниот факултет за санација и се очекува за многу скоро време да биде распишан тендер за изведувач.
    Свлечиштето првпат се појави во март пред три години и до сега се активирало осум пати.

    Заради безедност на возачите, сообраќајот се пренасочува низ центраот на Битола. Но, сепак има несовесни возачи кои и покрај поставените сообраќајни знаци заради скратување на патот минуваат низ обиколницата покрај одронот.

    Ж. Здравковска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира