Трговскиот центар Сити Мол во скопската населба Карпош беше евакуиран денеска околу пладне поради лажна анонимна дојава за бомба, а полицијата работи на откривање на лицето кое се јавило, велат од МВР.
Полицијата ги евакуираше вработените и посетителите на трговскиот центар, а специјализирани полициски екипи го проверуваа објектот поради лажната дојава. Присутни беа и екипи на Пожарната.
Додека траеја проверките, полицијата не дозволуваше пристап ниту во близина на Сити Мол.
А. АНТЕВСКА