ЛАЖНА ГРУПА НА ФЕЈСБУК ПРОДАВА ЗА 120 ДЕНАРИ ГОДИШНА АВТОБУСКА КАРТА ЗА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ

    ЛАЖНА ГРУПА НА ФЕЈСБУК ПРОДАВА ЗА 120 ДЕНАРИ ГОДИШНА АВТОБУСКА КАРТА ЗА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕОд ЈСП велат дека ја пријавиле измамата во МВР. (Фото: ЈСП)

    Лажна група на социјалните мрежи дава на граѓаните годишна автобуска карта за јавниот превоз во Скопје. Велат дека картата е бесплатна, а само за издавање се наплаќа по 120 денари. Групата која го користи логото на ЈСП„ Скопје“ се вика Транспортна карта на Град Скопје.

    Град Скопје започна со кампања за подобрување на животната средина охрабрувајќи ги граѓаните да користат јавен превоз. Картичката Скопска нуди бесплатен градски превоз во текот на една година. Понудата важи до 31 август“, стои на лажната страна.

    Граѓаните потоа треба да уплатат од кредитна картичка 120 денари за да го добијат билетот.

    Од ЈСП Скопје велат дека е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска и се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните.

    Јавно сообраќајно претпријатие Скопје ја пријави измамата во МВР и очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите на измамата и очекува итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП“, велат од претпријатието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира