ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ДВЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ

    ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ДВЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕВеднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави. (Фото: К. Попов)

    Две средни училишта во Скопје утрово добиле пораки на електронските пошти дека е поставена експлозивна направа.

    „На 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави“, велат од МВР.

    На 7 февруари повеќе од 240 основни и средни училишта во државава  на своите електронски пошти добија дојави за подметнати бомби во објектите.

    МВР на 25 февруари соопшти дека двајца 14-годишници од Скопје ги испратиле заканите за бомби во основни и средни училишта во Скопје. Малолетниците тогаш го признаа делото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира