ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТ ЌЕ ВЛЕГУВААТ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ВО ОХРИД СО ЛИФТ

    ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТ ЌЕ ВЛЕГУВААТ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ВО ОХРИД СО ЛИФТПроектот е финансиран од УНДП и Швајцарска амбасада со 50.000 швајцарски франци (Фото: СДК.МК)

    Лицата со инвалидитет ќе влегуваат во општинската зграда во Охрид со посебен хидрауличен лифт. Ова е предвидено со проектот „Полесен пристап за подобри општински услуги и граѓанска вклученост“ што е дел од активностите од втората компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети”, кој е финансиран од УНДП и Швајцарска амбасада, во износ од 50.000 швајцарски франци.

    „Проектот предвидува реконструкција на влезните скали кои водат до големата општинска сала, поставување хидраулична лифт платформа за лица со телесен инвалидитет, опремување на салата со посебни пултови за лица од ранливите категории и простор за инвалидски колички, со цел да се овозможи полесен пристап за подобри општински услуги. Салата, исто така, внатрешно ќе добие ново осветлување и озвучување”, соопштија од локалната власт.

    Проектот „Полесен пристап за подобри општински услуги и граѓанска вклученост“ беше избран за спроведување од страна на граѓаните на Општина Охрид во рамките на четирите сесии на Форумот на заедници, кои беа организирани во декември минатата година.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира