ЛОВЕЦ ЗАСТРЕЛАЛ СРНА КРАЈ СТРЕЖЕВСКОТО ЕЗЕРО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЛОВЕЦ ЗАСТРЕЛАЛ СРНА КРАЈ СТРЕЖЕВСКОТО ЕЗЕРО

    Ловец застрелал срна во близина на Стрежевското Езеро во Битола, велат очевидци за САКАМДАКАЖАМ.МК. Спортски риболовци од Битола кои биле сведоци раскажуваат дека покрај нивните молби да не ја убива, ловецот го застрелал животното додека излегувало од водата.

    „Ни ја уби пред очите иако го молевме да не го прави тоа. Дури и се скаравме за да не пука, но не нè послуша. Ја застрела со чифте пумпарица. Срната испушташе душа кога ја стави на рамо и побегна со неа во шумата. Ова беше многу непријатна глетка која нè растревожи рибарите што ловевме риба крај езерото“, раскажува спортскиот риболовец Лазар Николоски од Битола.

    Рибарите случајот го пријавиле во полиција и во ловното здружение „Сокол“, концесионер на ловниот терен околу Стрежевското Езеро.

    Од ловното здружение ни потврдија дека непознато лице во близина на езерото застрелало срна. Оттаму велат дека ловочуварите се на  терен, имале разговори со очевидците и преземаат мерки за откривање на сторителот.

    „Лицето имало пушка, а ние ја најдовме чаурата од испуканиот куршум. Имаме и фотографии од ловци кои очевидците ќе ги разгледаат за евентуално да не го препознаат сторителот.  Ги преземаме сите мерки за негово откривање“, велат Јани Баљари, претседател на „Сокол“.

    Женската срна е дозволена за лов, а машката не. Но, и за да се лови женска срна, потребна е дозвола од концесионерот. Казната за криволов на срна изнесува 3.000 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира