МАЈКАТА СОВЕТНИК, СИНОТ ШЕФ НА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

    МАЈКАТА СОВЕТНИК, СИНОТ ШЕФ НА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАРГрадоначалникот Саша Богдановиќ и советничката Чурилова сметаат дека нема конфликт на интереси во тоа што синот е поставен за шеф на јавни набавки во Општината. - Одлуката за назначување; Советничката Чурилова (Фото: СДК.МК)

    Синот на советничката во Советот на Општина Центар Билјана Чурилова од СДСМ, Георгиј Чурилов е нов раководител на секторот за јавни набавки во Општината. Градоначалникот Саша Богдановиќ и советничката Чурилова за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека во случајот нема конфликт на интереси.

    Градоначалникот Саша Богдановиќ денеска го назначи Чурилов да ги води јавните набавки откако Советот го изгласа неговото преземање како вработен од ЈП „Паркинзи Општина Центар“. Синот на советничката досега работел како раководител на Сектор општи, правни и човечки ресурси во општинското претпријатие.

    Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека нема конфликт на интереси со вработување на синот на советничката во секторот за јавни набавки.

    Истото го смета и советничката Чурилова. Таа само кусо ни изјави дека нема никаков конфликт на интересира што нејзиниот син е нов шеф на јавни набавки во Општината и не сакаше да даде дополнителен коментар.

    Чурилова која беше советник и во минатиот состав, денеска се иззема од гласање по одлуката за преземање на нејзиниот син од општинското претпријатие за паркирање во Општина Центар како шеф на јавни набавки.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира