МАНАСТИРОТ СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ КУПИ ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО

    МАНАСТИРОТ СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ КУПИ ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛОВозилото е за гасење на пожарите кои се случуваат во околината преку лето и се потенцијална закана за манастирот.(Фото: СДК.МК)

    Манастирот Св. Јоаким Осоговски крај Крива Паланка, набави противпожарно возило, кое ќе служи за гасење на пожарите кои се случуваат во околината преку лето и се потенцијална закана за манастирот. Возилото е набавено од Шведска, со помош на Кумановско -Осоговската епархија на МПЦ -ОА.

    „Манастирот е во планина и опкружен со дрва, до него води тесен пат па при опасност и закана од пожар во манастирскиот комплекс или неговата околина, со ова возило би се реагирало брзо. Сведоци сме, за жал, дека во претходните години имаше два фатални пожари на манастири во Македонија, на Бигорскиот и на Трескавец“, соопштија од манастирот.

    Манастирската црква Св. Јоаким Осоговски е изградена во периодот 1847-1851 година, со средства од жителите на Крива Паланка и околината. Ја градел Андреја Дамјанов.

    П.ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира