МАРЖИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ СПОРЕД АНАЛИЗА НАПРАВЕНА ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ ЗАМЕНИКОТ-МИНИСТЕР РИСТЕСКИ ЗА ВЛАДИНАТА ОДЛУКА КОЈА ЈА КРИТИКУВАШЕ КАКО ОПОЗИЦИЈА

    МАРЖИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ СПОРЕД АНАЛИЗА НАПРАВЕНА ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ ЗАМЕНИКОТ-МИНИСТЕР РИСТЕСКИ ЗА ВЛАДИНАТА ОДЛУКА КОЈА ЈА КРИТИКУВАШЕ КАКО ОПОЗИЦИЈА„Порано се замрзнувале цените ад хок, без анализи, а сега се направени анализи на цените за првпат во историјата на Македонија шест месеци наназад, врз база на нив се предлага оваа мерка“, рече Ристески. (Фото: СДК.МК)

    За првпат во историјата на Македонија направени се анализи на цените за шест месеци наназад и од тоа излегува предлогот за ограничување на маржите до 10 отсто, рече заменик-министерот за економија Марјан Ристески, одговарајќи денес во Битола на новинарско прашање зошто како опозиција ја крикуваа оваа мерка, а сега кога се на власт ја применуваат.

    „Ограничување на бруто профитна маржа во многу се разликува од замрзнување на цените. Порано се замрзнувале цените ад хок, без анализи, а сега се направени анализи на цените за првпат во историјата на Македонија шест месеци наназад, врз база на нив се предлага оваа мерка“, рече Ристески кој денес во Битола се сретна со стопанствениците.

    Владата на вчерашната седница го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и 10 проценти во трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници. Но, истата да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите и плус да се дополни со бебешка храна, и други непрехранбени производи кај која е забележана многу висока маржа, а истите се дел од основните потреби на граѓаните.

    „Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи. Оваа мерка е предвидено да трае од денот на донесување, што се очекува да биде за многу брзо од денес (11 февруари) и да трае заклучно до 30.04.2025 година. Владата им препорачува на сите маркети да започнат процедура за транспарентно објавување на цените на сите производи и нивно редовно ажурирање на дневна основа“, соопшти вчера Владата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира