МАСОВНА ТЕПАЧКА НА ПЛАЖА ВО ОХРИД, СЕДУМ ЛИЦА СЕ ПРИВЕДЕНИ

    МАСОВНА ТЕПАЧКА НА ПЛАЖА ВО ОХРИД, СЕДУМ ЛИЦА СЕ ПРИВЕДЕНИТепачката на плажата почнала помеѓу две помали групи, но потоа се придружиле уште петмина со опасно оружје по што морало да стаса и полициско засилување

    Седум лица се приведени во Охридската полиција, по нарушувањето на јавниот ред и мир со употреба на ножеви и метални прачки, соопшти локалната полиција.

    Тепачката се случила денес во 10 часот и 50 минути на плажа во комплексот „Горица-3“ во Охрид.

    Приведувањето на пет од нив е извршено откако претходно, на неколку одделенија во Општата болница во  Охрид им е пружена неопходната медицинска помош.

    “Најверојатно поради подолг временски период нерешени меѓусебни недоразбирања,  нарушувањето на јавниот ред и мир, најнапред се случило помеѓу две помали групи по што набрзо на местото на настанот пристигнуваат униформирани полициски службеници кои, веднаш започнале со мерките за решавање на пријавениот настан. Во текот на преземањето на нивните активности, на местото пристигнале пет лица кои со себе носеле опасни орудија и за мошне кратко време нападнале едно лице кое во моментот бил на шанкот а кој, во претходното нарушување помогнал  за смирување на ситуацијата и ги делел учесниците”, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

    На плажата било повикано и полициско засилување оти првата група полицајци не биле доволни. Полицијата вели дека тие ја смириле состојбата, а веднаш потоа и помогнале повредените да се  префрлат во Општата болница.

     

    Д. ЧУБРИЌ   

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира