Убиен е битолчанец утрово околу шест часот, во куќа на негов близок роднина во Битола. Според првичните неофицијални податоци, роднината го застрелал битолчанецот откако овој му влегол дома со остар премет .
Од СВР Битола потврдија дека едно лице е починато на местото на настанот, а друго е лишено од слобода.
Увидот е во тек и дополнителни податоци за настанот, како и за тоа дали убиството се случило во самоодбрана, МВР ќе соопшти подоцна.
Ж. ЗДРАВКОВСКА