МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ОД ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ОД ВЕЛЕШКА БОЛНИЦА ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19, ОДДЕЛЕНИЕТО ПРОДОЛЖУВА СО РАБОТА

    МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ОД ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ОД ВЕЛЕШКА БОЛНИЦА ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19, ОДДЕЛЕНИЕТО ПРОДОЛЖУВА СО РАБОТАПациентката е веќе хоспитализирана на Инфективно одделение од велешка болница. (Фото: СДК.МК)

    Еден од двете ново заразените лица со КОВИД-19 од велешко денес, е медицинска сестра од Детското одделение при Велешката болница. Информацијата ја потврдија и од Центарот за јавно здравје и од болницата. Второзаразениот е жител на голема населба во соседна општина и тој се проверувал на приватна клиника оти сакал да патува во странство.

    „Двете нови лица заразени со ковид-19 се случаи сами по себе, не може да се најде од кој кластер се, од епидемиолошката анкета не може да се констатира како се заразиле. Пациентката е веќе хоспитализирана на Инфективно одделение од велешка Болница, додека вториот пациент е на домашно лекување“, информираа од Центарот за јавно здравје Велес.

    Со ова бројката на активни случаи во велешко е 29. Двајца од нив се на лекување во Скопје , во Градска Општа Болница и на Клиника за инфективни болести. Во петокот беше објавено дека медицинска сестра од приватното здравство во Велес е, позитивна на ковид-19, но таа подолго време не одела на работа. На инфективното одделение од велешка Болница денес има хоспитализирани 13 пациенти, сите потврдено позитивни. Детското одделение продолжува со работа.

    „Во посета на одделението била епидемиолошката служба, направила анкета со вработените на детското одделение. Утврдено е дека се почитувани сите мерки за заштита при работа, пронајдени се контактите со кого комуницирала. Вработена е сместена на инфективно одделение. Денес на Инфективно одделение е приемна пациентка од Бузалково, во потешка состојба, на респираторна поддршка, не е потврдено дека е позитивна и попладнево се препрати во болницата ‘8 Септември’, како итен случај“, рече д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

    П.ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира