Над 80 полициски службеници од Македонија и од десетина национални секции на Меѓународната полициска асоцијација (ИПА) од регионот, денеска во Штип на годишна конференција ги договараа наредните активности за сузбивање на криминалот и тероризмот, како и за поголема регионална безбедност.
Во ИПА, формирана во 1950, членуваат 69 држави, а здружението во Македонија е формирано во 2011. На конференцијата беше речено дека ИПА разгледува 43 нови апликации од разни полициски национални секции во Европа.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека вратите на оваа меѓународна организација се отворени за сите сегашни и поранешни полициски службеници во Македонија кои сега се пензионери. Тие со членството истовремено придонесуваат за поголем мир и безбедност на граѓаните во земјата, а со координираните, заеднички акции на националните полициски секции да придонесуваат и за поголема безбедност во регионот.
Т. ЈОВАНОВСКИ