„МЛАДИ ХУМАНИСТИ“ СОБИРААТ ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВО ОД БИТОЛА КОЕ 16 ГОДИНИ ЖИВЕЕ БЕЗ СТРУЈА

    „МЛАДИ ХУМАНИСТИ“ СОБИРААТ ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВО ОД БИТОЛА КОЕ 16 ГОДИНИ ЖИВЕЕ БЕЗ СТРУЈАЧленовите на здружението планираат да собираат парични средства низ битолските кафулиња и згради со кутија за донации, а ќе имаат и штанд на Широк Сокак. - Од претходна донација на „Млади хуманисти“

    Семејство од Битола 16 години живее без струја зашто поради лошата финансиска состојба не може да го плати долгот кон ЕВН. Хуманитарното здружение „Млади хуманисти“ од Битола не го открива иденитетот на семејството, но пред Велигден ќе организираат хуманитарна акција за собирање на средства кои ќе бидат уплатени на сметката на ЕВН за да се покрие дел од долгот на семејството.

    „Семејството не го откриваме, но можеме да кажеме дека немаат струја од 2001 година. Исклучени се заради неплаќање. Се работи за повеќечлено семејство. Таткото и мајката не земаат пари, бабата е слепа има социјална помош, зема туѓа нега и додаток за мобилност. Семејството има и две деца едно малолетно и едно полнолетен“, открива Бојан Тодоровски, претседател на „Млади Хуманисти“.

    Членовите на ова здружение планираат да собираат парични средства низ битолските кафулиња и згради со кутија за донации, а ќе имаат и штанд на Широк Сокак.
    Освен за ова загрозено семејство од утре ќе собираат храна, облека и хигиенска редства и за сиромашните ромски семејства во Битола. На овој начин хуманистите сакаат да им помогнат на сиромашните граѓани пред големиот христијански празник Велигден.

    „Нашето здружение брои околу педесетина челнови. Целта на здружението е да се помогне онаму каде што се може , преку организирање на хуманитарни концерти, акции. Често се среќавеме со сиромаштија кај граѓаните, има многу луѓе кои бараат помош“, рече Тодоровски. (Ж.З.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира