МОБИЛНИТЕ ТИМОВИ НА ЦРВЕН КРСТ ПАЗАРАТ ЗА ВЕЛЕШАНИТЕ КОИ СЕДАТ ДОМА ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУСОТ

    МОБИЛНИТЕ ТИМОВИ НА ЦРВЕН КРСТ ПАЗАРАТ ЗА ВЕЛЕШАНИТЕ КОИ СЕДАТ ДОМА ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУСОТМобилните тимови доставуваат неопходни намирници или извршуваат лекарски прегледи. (Фото: СДК.МК)

    Педесет и пет лица од Велес за десет дена побарале некоја од вонредните услуги кои ги нуди општинскиот Црвен крст поради коронавирусот.

    „Има интерес кај нашите сограѓани кои сакаат да останат дома, се јавуваат на телефон, бараат да им купиме неопходни работи за дома или да им биде извршен лекарски преглед. Има јавувања и на телефоните на кои се нудат психолошки совети, се јавуваат од сите возрасни категории“, вели Орце Николов, секретар на Општинската организација на Црвен крст Велес.

    Општинската организација нуди бесплатни лекарски прегледи со логистичка поддршка од ЈЗУ „Здравствен дом“ за да се избегне посета на матични лекари. Тие опфаќаат кардиолошки прегледи и мерење на шеќер во крвта, што ги извршува лекар волонтер од Црвен крст. Психолошката прва помош ја даваат двајца волонтери-дипломирани психолози, кои имаат поминато и обука за психолошка помош.

    Мобилните тимови се составени од волонтери на Црвен крст од Велес, територијалната противпожарна единица, вработени во Центарот за социјални грижи и од општинската администрација и тие нудат помош на сите возрасни лица, изнемоштени лица, лица со попреченост и хронично болни лица, кои живеат сами или немаат поддршка од семејствата.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира