МОРСКИОТ ЛАВ УГИНАЛ ОТИ ГОЛТНАЛ КАМЕН 

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МОРСКИОТ ЛАВ УГИНАЛ ОТИ ГОЛТНАЛ КАМЕН 

    Морскот лав Аби од скопската Зоолошка градина голтнал камен кој му го затворил желудникот и го убил животното, кое почина на 8 февруари. Ова го покажа обдукцијата од Факултетот за ветеринарна медицина, чии резултати денес беше презентирани во Зоолошката градина. Ветеринарната лекарка Јована Стефановска рече дека кај животното не се најдени болести.

    „Обдукцијата ја правевме на лице место поради големината на животното и отежнатиот транспорт. Беа земени примероци за понатамошни анализи, иако уште на лице место докторите утврдија дека морскиот лав пцовисал поради тоа што на крајот на желудникот е откриено страно тело кое целосно го затворило и храната не можела да продолжи понатака низ телото. Од тука се појавил намален апетит кој негувателите го открија и ни пријавија, но никој не можеше да претпостави дека морскиот лав има камен во желудникот. Анализите на земените примероци покажаа дека морскиот лав нема болести, паразит ниту бактерии“, рече Стефановска.

    Портпаролот на Зоолошката градина Дане Кузмановски го покажа каменот кој лекарите го извадиле од желудникот на Аби.

    „Овој камен не е возможно на морскиот лав да му го фрли некој вработен. Му го фрлил некој несовесен посетител, а тој го лапнал мислејќи дека е храна“, рече Кузмановски и го покажа и федерот кој претходно бил изваден од устата на морскиот лав, а што што некој посетител го фрлил во водата.

    Морскиот лав пцовиса на 8 февруари, само неколку недели откако на операција поради повреда на ногата пцовиса мајмун. Морскиот лав и мајмунот се две од десетте животнио кои пцовисале во скопската Зоолошка градина во последните седум години. Во истиот период во градината се родиле 121 животно, рече Зоолошка.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира