МРТВО 11-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НАЈДЕНО ВО СЕЛОТО ПАРНАЛИЈА НА ПЛАЧКОВИЦА

    МРТВО 11-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НАЈДЕНО ВО СЕЛОТО ПАРНАЛИЈА НА ПЛАЧКОВИЦАЛекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај девојчето, а не биле утврдени траги на насилство. (Фото: СДК.МК)

    Во селото Парналија на Плачковица во Општина Карбинци вчера било најдено мртво 11-годиншно девојче пред еден помошен објект, потврди СВР Штип.

    Вчера околу 13 часот СВР Штип добила пријава за случајот, по што бил извршен увид на местото на настанот, вели портпаролот Гордана Панајотова. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај девојчето, а не биле утврдени траги на насилство.

    По налог на Обвинителството телото било дадено на семејството, а случајот сепак ќе се истражува.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира