НА 14 МАЈ Е РЕГИСТРИРАНА „РУСТИ КИДС“, СОПСТВЕНИК НА КАФЕАНАТА ШТО СО МЕСЕЦИ СЕ ГРАДИ НА МЕСТОТО НА БАРАКИТЕ НА ЗАВОДОТ ЗА УРБАНИЗАМ И АРХИТЕКТУРА КАДЕ НАМЕНАТА Е ОБРАЗОВАНИЕ

    НА 14 МАЈ Е РЕГИСТРИРАНА „РУСТИ КИДС“, СОПСТВЕНИК НА КАФЕАНАТА ШТО СО МЕСЕЦИ СЕ ГРАДИ НА МЕСТОТО НА БАРАКИТЕ НА ЗАВОДОТ ЗА УРБАНИЗАМ И АРХИТЕКТУРА КАДЕ НАМЕНАТА Е ОБРАЗОВАНИЕСпоред податоците од Централниот регистар на 12 мај е поднесена пријава за отворање на придружница на веќе постоечка фирма, а на 14 мај, односно пред два дена, таа е регистрирана под дејност ресторани. (Фото: СДК.МК)

    На 14 мај е регистирана фирмата „Русти кидс“ која е сопственик на кафеаната која се подготвува да се отвори на местото на опожарените бараки на Заводот за урбанизам и архитектура во скопски Карпош. На местото на бараките се гради нов објект односно кафеана, а намената на локацијата според Деталниот урбанистички план (ДУП) на Општина Карпош за овој дел е образование.

    Според податоците од Централниот регистар, на 12 мај е поднесена пријава за отворање на придружница на веќе постоечка фирма „Рок кафана Рустикана двојка“. На 14 мај формирана е подружница „Рок кафана Русикана двојка – Подружница Русти кидс“ под дејност ресторани.

    Градежните објекти на локацијата траат веќе неколку месеци. На социјалните мрежи веќе на големо се рекламира новата кафеана односно на нивната инстаграм страна секојдневно се споделуваат фотографии и видеа од новата локација на која ќе биде наскоро отворена кафеана која постоеше на друго место.

    Иако на оваа локација која е намената за образовна институција ќе никне кафеана, од Општина Карпош велат дека не знаат што се гради бидејќи сопственикот има дозвола да врши обновување на објектот кој бил опожарен.

    „До Општина Карпош е поднесено техничко решение, согласно член 77 став 1 и став 2 и член 78 од Законот за градење, кои му овозможуваат на сопственикот да врши обновување на објектот кој претходно беше опожарен и враќање во првобитна состојба врз основа на проект за обновување. Во поднесената документација е наведено дека се обновува деловниот простор како што било и претходно. На оваа локација според ДУП-от е предвидено намена образование“, велат од Општина Карпош.

    Од Општина Карпош не кажуваат и не одговорија на нашето прашање кој поднел барање за обновување на објектот, со оглед дека земјиштето каде се наоѓаат бараките кои беа државна институција е во сопственост на Република Македонија.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира