НА ГИНКОТО УШТЕ ЈА НЕМА ПЛОЧКАТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ОТИ СЕ ЧЕКА КАМЕНОТ НА КОЈ ЌЕ СТОИ

    НА ГИНКОТО УШТЕ ЈА НЕМА ПЛОЧКАТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ОТИ СЕ ЧЕКА КАМЕНОТ НА КОЈ ЌЕ СТОИСадењето на гинкото и поставување на плочата пак Шилегов го најави уште пред три месеци кога беше отстранет споменикот на Ќосето. Но, досега уште не е набавен камен на кој ќе биде поставена. (Фото: СДК.МК.)

    Град Скопје уште не ја поставил плочата од Нирнберг, која требаше да стои кај гинкото пред Врховен суд оти уште не е набавен каменот на кој ќе стои.

    Пред еден месец градоначалникот Петре Шилегов заедно со делегација од Нирнберг го засадија гинкото и беше донесена плочата на која е изгравирана порака дека секој граѓанин има право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд.

    Садењето на гинкото и поставување на плочата пак Шилегов го најави уште пред три месеци кога беше отстранет споменикот на Ќосето. Но до сега уште не е набавен камен на кој ќе биде поставена.

    „Плочата на човековите права сѐ уште не поставена од технички причини, кои очекуваме да ги решиме деновиве. Во тек е набавката на каменот на кој ќе стои и очекуваме да биде поставена кон средината на месецот“, велат од кабинетот на градоначалникот Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира