НА ИНФЕКТИВНО ВО БИТОЛА ИМА УШТЕ СЛОБОДНИ КРЕВЕТИ, ХОСПИТАЛИЗИРАНИ СЕ 39 ПАЦИЕНТИ, ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ВО МНОГУ ТЕШКА СОСТОЈБА

    НА ИНФЕКТИВНО ВО БИТОЛА ИМА УШТЕ СЛОБОДНИ КРЕВЕТИ, ХОСПИТАЛИЗИРАНИ СЕ 39 ПАЦИЕНТИ, ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ВО МНОГУ ТЕШКА СОСТОЈБА„По принципот на ротација поради зголемената бројка вклучени се и интернистите дополнително да помагаат, вклучен е медицински персонал, медицински сестри од другите одделенија ротираат за да помогнат во Инфективното одделение“, рече директорката Битолската болница Гагачовска. (Фото: СДК.МК)

    Капацитетот на Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола не е целосно пополнет, се’ уште има празни места, а раководството има и планови за понатаму доколку бројките на хоспитализирани лица продолжат да растат, рече Билјана Гагачовска, директор на Битолската болница.

    „Медицинскиот кадар е навистина изморен, работат без прекин девет месеци од појавата на пандемијата. Вклучени не се само инфектолозите, туку и пнеумофтизиолозите кои цело време работат рамо до рамо со инфектолозите во тријажата и третманот и на сомнителните пациенти и на потврдените. Сега повторно по принципот на ротација поради зголемената бројка вклучени се и интернистите дополнително да помагаат, вклучен е медицински персонал, медицински сестри од другите одделенија ротираат за да помогнат во Инфективното одделение“, рече Гагачовска.

    На Инфективното одделение во Битолската болница хоспитализирани се 39 пациенти.

    „Состојбата за жал на поголемиот дел од пациентите е многу тешка, другите се со средно тешка кон тешка состојба. Голем број од нив имаат потреба од перманентна кислородна поддршка што значи дека дополнително е влошена нивната состојба“, додаде директорката.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира