Основното училиште „Андреја Савески-Ќиќиш“ од Тетово го одбележа крајот на учебната 2024/2025 година со нова фасада. Со тоа се заокружува еден поголем инвестициски циклус со кој претходно се инвестираше во изградба на спортска сала и уредување на дворот на училиштето.
„Денешниов настан не е само свечен туку претставува симболичен врв на идејата што ја имавме и ја носевме долго време, а таа е училиштето да биде место кое што инспирира, кое што силно зрачи со достоинство, кое што ветува многу. Во нашето училиште беше извршена реконструкција на фасада, која беше приоритет за секој работен во училиштето. Ние таа заложба ја вградивме во развојниот план на училиштето, но целта не беше да добиеме само нов изглед на училишниот објект, не беше ни цел да добиеме нова надворешна слика, туку нашата цел беше да создадеме средина која ќе ја одрази нашата грижа кон учениците, кон
нивното растење, кон нивното учење и нивното секојдневие“, истакна Дијана Петровска, директорка на ОУ „Андреа Савески-Ќиќиш“.
Реновирањето на фасадата на училиштето изнесува 4 милиони денари, кои се обезбедени преку Општина Тетово и Министерството за образование и наука, па на денешното одбележување на настанот присуствуваа и министерката за образование Весна Јанеска и градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.
З. АНДОНОВ