НА ПОПРАВКА ВО ХРВАТСКА ДО КРАЈОТ НА ЈУНИ СЕ ДВА ОД ТРИТЕ АВИОНИ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАР

    НА ПОПРАВКА ВО ХРВАТСКА ДО КРАЈОТ НА ЈУНИ СЕ ДВА ОД ТРИТЕ АВИОНИ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАРВо Велес беше една од осумте планирани вежби за спасување на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). (Фото: СДК.МК)

    На поправка во Хрватска до крајот на јуни се два од трите авиони за гасење пожар „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Од ДЗС велат дека се подготвени за летото и потенцијалната опасност од пожари, а формирани се и дежурни екипи.

    Огнот изминатите години направи штета и по економија и по животната средина, уништувајќи големи површини под шума. Шумите во Беровско, околината на велешкото Езеро Младост, беа опустошени од огнот.

    „Дирекцијата има три авиони ‘ер трактор’, со носивост по три илјади тони. Едниот авион е на аеродром и подготвен да полета ако има потреба. Другите два се на поправка во Хрватска и треба да бидат завршени кон крајот на јуни. Си три авиони се набавени до Шпанија. Од година во година, имаме се подобри резултати во справувањето со пожарите. Годинава формиравме осум тимови со по осум лица, со противпожарно возило, кои се обучени. За два часа може да стигнат на местото на пожарот, тие се на повик“, вели Димче Митевски од ДЗС.

    Во рамките на овие подготовки за справување со елементарни непогоди, ДЗС во Велес одржа показна вежба со тема справување со последици по земјотрес. Планирани се осум вежби во исто толку градови, во Велес беше четвртата и учествуваа припадници на ДЗС, на здружението за спасување во вода, волонтери на Црвен крст, пожарникари, Итната помош, полицијата. Освен од Велес имаше учесници и од Гевгелија.

    „Се подготвувавме два месеца, секој викенд. Напорно вежбавме, велешани можеа тоа да го видат. Се надевам дека присутните можеа да ја видат нашата подготвеност да интервенираме во случај на потреба“, рече Ангел Пановски од Здружението за безбедност на вода.

    На Мало Мовче во Велес изведени беа неколку вежби, како спасување повреден од мостот, спасување повреден преку река, гасење опожарено возило.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира