НА УЛИЦАТА ВИЕНСКА ВО БИТОЛА ОТВОРЕН ПОЧЕСЕН АВСТРИСКИ КОНЗУЛАТ

    НА УЛИЦАТА ВИЕНСКА ВО БИТОЛА ОТВОРЕН ПОЧЕСЕН АВСТРИСКИ КОНЗУЛАТОва е продолжение на дипломатската традиција која Битола ја негувала со години со Виена, а токму австриското конзуларно преставништво било првото отворено во Битола во 1851 година. (Фото: СДК.МК)

    На улицата Виенска во Битола, во присуство на австрискиот амбасадор во Македонија Мартин Палмер и австрискиот почесен конзул Игор Божиновски, беше отворен новиот почесен австриски конзулат. Ова е продолжение на дипломатската традиција која Битола ја негувала со години со Виена, а токму австриското конзуларно преставништво било првото отворено во Битола во 1851 година.

    „Денес, кога повторно го отвораме овој конзултат, мојата амбиција е не само да ја почитуваме историјата, туку да ја продолжиме. Мојата визија како почесен конзул е да ја зајакнеме соработката меѓу австриските и македонските компании, да создадеме нови културни мостови, да им отвориме врати на младите од Битола и земјава кон образование и искуства во Австраија и на младите од Австрија кон културата и менталитетот на овој македонски народ. Денес да биде симбол на ново партнерство, видливо во конретни дела“, рече почесниот конзул Божиновски.

    Австрискиот амбасадор Палмер изјави дека до пред неколку години Битола имаше 11 конзулати, но некои беа затворени поради непожелни околности, па изрази надеж оти со отворањето на австрискиот, кој е петти активен, многу други држави ќе отворат пак конзултати и Битола повторно да биде центар на конзулатите во Југоисточна Евопра.

    Тој рече дека треба повеќе да се гледа кон иднината отколку кон минатото, а историјата да им се остави на историчарите.
    Палмер додаде дека многу ја засакал Македонија, па се пошегува дека и пред време може да стане македонски граѓанин, а градоначалникот Тони Коњановски му кажжа дека радо ќе го примат да стане жител на Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира