НАД 1.100 ЛУЃЕ ВО ТЕТОВСКО ОСТАНАЛЕ БЕЗ РАБОТА КАКО ДИРЕКТНА ПОСЛЕДИЦА НА КРИЗАТА СО КОВИД-19

    НАД 1.100 ЛУЃЕ ВО ТЕТОВСКО ОСТАНАЛЕ БЕЗ РАБОТА КАКО ДИРЕКТНА ПОСЛЕДИЦА НА КРИЗАТА СО КОВИД-19Епидемијата најмногу ги погодила преработувачката дејност и трговијата на големо и мало (Фото: СДК.МК)

    Како директна последица на епидемијата на ковид-19, 1.157 лица од Тетово и петте околни општини останале без работа. Тоа уште повеќе го зголеми бројот на невработени лица, кои сега ги има 20.782.

    „Во март 2020 имаше 13.194 невработени, а на 28 февруари годинава се евидентирани 7.588 нови невработени. Во овој период, односно од почетокот на епидемијата, како директна последица на кризата со ковид-19 евидентиран е престанок на работен однос кај вкупно 1.157 луѓе, 2.520 лица се водат како новоневработели лица, а останатите се водат како невработени по други основи“, информира раководителот на Центарот за вработување во Тетово, Љупчо Апостоловски.

    Според податоците од Центарот, епидемијата најмногу ги погодила преработувачката дејност и трговијата на големо и мало. Најголем дел од лицата кои останале без работа се по основ престанок на работен однос поради истек на вработувањето на определено време.

    „Според нашата евиденција, вкупниот број на невработени лица, а кои се активни баратели на работа, изнесува 20.782, додека 4.608 се пасивни баратели. Бројот на невработени лица во февруари 2021 е зголемен за 310 лица во споредба со претходниот месец“, вели Апостоловски.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира