НАД 130 УЧЕСНИЦИ НА ПЛАНИНАРСКАТА ВЕЛО ТУРА ВЕВЧАНСКА ГОЛИНА – ЛОКВА НА ЈАБЛАНИЦА

    НАД 130 УЧЕСНИЦИ НА ПЛАНИНАРСКАТА ВЕЛО ТУРА ВЕВЧАНСКА ГОЛИНА – ЛОКВА НА ЈАБЛАНИЦАПатеката е со должина од 30 километри и елевација од 1100 метри (Фото: Еко свест)

    Над 130 љубители на велосипедизмот и планинарењето од целата држава викендов ги посетија  Вевчани, планината Јабланица и Споменикот на природата Вевчански Извори. Планинската вело тура Вевчанска Голина – Локва, која се одржа во организација на Еко-свест Вевчани и Велосипедско друштво Рупикапра MТБ Струга, има за цел промоција на природните убавини и потенцијалот за велосипедски туризам на планината Јабланица.

    „Идејата за организација на ваков настан изникна од потенцијалот на планината Јабланица за развој на велосипедски туризам и други авантуристички спортови кои ќе придонесат со престојот во природа да се запознаеме со природните богатства кои ни ги нуди планината и со заеднички напори да работиме на нивна заштита. Еко-свест ќе продолжи преку своите активности да работи на едукација на локалното население и посетители и промоција на природните убавини на заштитеното подрачје Споменик на Природа Вевчански Извори и планината Јабланица“, изјави Наум Илиески, проектен координатор на Еко-свест.

    Патеката е со должина од 30 километри и елевација од 1100 метри.

    „Се радуваме на големиот интерес за велосипедската тура. Иако турата за првпат се организира оваа година, интересот од велосипедистите од целата држава беше огромен. Се надеваме дека овој настан ќе прерасне во традиција и ќе ја организираме секоја година” вели Душан Шутиноски, претседател на Рупикапра МТБ Струга.

    Вело турата е  дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори“.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира