Утринава во Штип стартуваше трка на офф роуд клубовите, кои со стотина џипови, четирицикли и други теренски возила имаат еднодневно возење по планината Плачковица, каде што ќе се поминат околу 200 километри планински терен.
„На денешнава трка имаше над 250 учесници, од кои единствените жени се сестрите Димитровски од Скопје. Учествуваат повеќе клубови од Македонија, но има и учесници од странство, најмногу од соседните земји, како и еден од Англија. Сите се искусни возачи кои уживаат во природата и планините“, велат организаторите.
Според нив, ако немаше забрана за движење во планина поради пожарите, трката ќе била организирана и порано. Првата делница е ридско возење до рудникот Бучим кај Радовиш, од каде што карванот се упатува кон врвот на Плачковица, па се преминува на штипскиот дел на планината. Целта ќе биде археолошкиот локалитет Баргала, каде што ќе има забавна програма.
Т. ЈОВАНОВСКИ