НАД 83 ПРОЦЕНТИ ОД БУЏЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ ВО БИТОЛА ПОТРОШЕНИ НА ПРАЗНИЧНАТА ПРОГРАМА „ЗИМСКА ПРИКАЗНА“

    НАД 83 ПРОЦЕНТИ ОД БУЏЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ ВО БИТОЛА ПОТРОШЕНИ НА ПРАЗНИЧНАТА ПРОГРАМА „ЗИМСКА ПРИКАЗНА“„Зимска приказна“ е традиционална празнична манифестација што се одржува во Битола за време на новогодишните и божиќните празници. (Фото: „Зимска приказна“)

    Дури 83,3 проценти од реалзиираните средства во Програмата за туризам во Битола за 2025 биле потрошени за празничната програма „Зимска приказна“ која траеше 17 дена од 20 декември 2025 година до 5 јануари 2026. Според Извештајот за Програмата за туризам, која за една недела ќе се најде пред битолските советници, за организација на „Зимска приказна“ биле потрошени 3. 968 985 денари или над 64.000 евра, додека за целата Програма 4. 762 318 денари или над 77 илјади евра.

    Во Програмата за туризам покрај „Зимска приказна“, има уште две други ставки, а тоа се Промоција на активности на Националниот парк „Пелистер“ за развој на туризмот за што се потрошиле 500. 000 денари (над 8.000 евра) и Студија за развој на летен и зимски туризам на Пелистер 293. 333 денари или 4,7 илјади евра што заедно е околу 10 проценти од вкупните расходи во Програмата.

    Инаку пари оваа програма се обезбедуваат од надоместокот за добивање лиценца за угостителска дејност и комуналната такса за привремен престој.

    „Зимската приказна“ што се одржа на крајот на 2024 и почетокот на 2025 година чинеше 6. 185 467денари или 100.000 евра.

    „Зимска приказна“ е традиционална празнична манифестација што се одржува во Битола за време на новогодишните и божиќните празници. Програмата опфаќа украсени дрвени куќички со храна, пијалаци и ракотворби, музичка и забавна програма, детски содржини, празнична декорација и светлосни инсталации и дружење и културни активности на отворено. Од Општина Битола досега во повеќе наврати имаат соопштено дека оваа манифестација собира посетители не само од Битола туку и од опкружувањето и е значајна туристичка понуда за градот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира