НАЕЗДА ОД ШТРКЕЛИ И ДРУГИ ИНСЕКТИ НА ПЕЛИСТЕР

    НАЕЗДА ОД ШТРКЕЛИ И ДРУГИ ИНСЕКТИ НА ПЕЛИСТЕРШтркелите се големи коњски муви,а највеќе ги има на планинарските патеки, посебно во делови каде има висока папрат која не е искосена. (Фото: СДК.МК)

    Битолчани кои викендов избегаа од жештината да се разладат на Пелистер се жалат дека беа вознемирени од роеви инсекти меѓу кои и големи штркели односно коњски и други муви. Инсектите најмногу ги има на планинарските патеки, посебно во делови каде има висока папрат која не е искосена. Но има и на места кои во овој дел од годината се најпосетени поради убавото време од Големо Езеро, врвот Антена, патот од Голема Ливада до Пресека, по Историската, патеката Мечо, од Копанки до Јоргов Камен, Црвени Стени…

    „Се качивме на Антена и ме искасаа по рацете и нозете, ваква наезда досега не сум видела, целата сум потечена, дури и на лице ме каснаа како ботокс да имам ставено“, кажува битолчанка.

    „Ги има толку многу што одвај и да можете да пешачите. Зујат и летаат околу вас како сателити. Некои се со големина од три сантиметри. Не можете да застанете на починка или да се напиете вода. Ако не сте во движење веднаш слетуваат на вас и може да ве искасаат. Мир не ни дадоа. Вака е веќе две лета, пред десетина години немаше толку инскети. Се прашуваме како е можно во толку чисто еколошко место да врие од муви“, каажуваат битолачни.

    Помирно е на пониските ливади, како онаа Кај печурката, Голема и Мала Ливада каде е искосена тревата.

    Со дезинсекцијата не се опфаќа Пелистер, а последното авионско третирање против инсекти на ниво на Македонија во кое биле опфатени и шумски површини се спровело во 2010.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира