НАМЕСТО ДА ШЕТАТЕ ПО ШИРОК СОКАК, ВОЛОНТИРАЈТЕ, ПОРАЧАА НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД БИТОЛА

    НАМЕСТО ДА ШЕТАТЕ ПО ШИРОК СОКАК, ВОЛОНТИРАЈТЕ, ПОРАЧАА НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД БИТОЛАОколу 28 проценти од младите во Битола волонтираат, а околу 45 проценти се заинтересирани за волонтерски акции што, според невладините организации, е малку со оглед на тоа дека младинската невработеност во Битола е 49,7 проценти.(Фото: СДК.МК)

    Младите да не го поминуваат денот на Широк Сокак со кафе туку да се приклучат кон невладините организации и да волонитраат стекнувајќи вештини што ќе ги применат во животот, рече Милчо Дули, претседател на „Сфера Македонија“ на денешниот Саем на невладини организации во Битола. Тој посочи дека интересот за волонтирање е мал, а од друга страна процентот на невработеност е голем.

    „Направивме истражување минатиот месец за вклучување на младите како волонтери во организациите. Резултатите, за жал, не беа многу оптимистички. Уште од моментот на соборање податоци младите не беа многу заинтересирани да ги пополнуваат прашалниците. Мал дел, околу 28 проценти од младите во градот волонтираат, а околу 45 проценти се заинтересирани за волонтерски акции, што е малку со оглед на тоа дека младинската невработеност во нашиот град е 49,7 проценти. Тоа  е голем процент, имаме многу млади кои можат да посветат дел од своето време во волонтирање за да го направиме нашиот град подобар“, рече Дули.

    Пелагонија е еден од регионите во земјава од каде излегуваат најголемите вишоци храна од земјоделскиот сектор.  Во Битола постои сериозна можност да се направи мрежа за донирање вишоци храна во која ќе се вклучат повеќе организации и млади лица.

    „Македонија е во првите десет категориии на земји по фрлање храна. Имаме над 100.000 тони годишно кои се проблематични во форма на земјоделски вишоци. Само минатата година имавме 50.000 тони јаболка кои не најдоа пласман, а имаме и праски, лубеници, сливи и друго. Од тој проблем Македонија може да направи можност за искористување на таа храна, да отвори нови работни места и да ја подобри својата економија, а да се нахранат социјално загрозени лица“, рече Блаже Јосифовски претседател на „Ајде Македонија“ и кординатор на мрежата „Сите сити“.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира